Меѓународна организација на трудот – МОТ


Унапредување на социјална правда, промовирање достоинствена работа

Меѓународната организација на трудот е агенција на Обединетите нации за светот на работата. Таа утврдува меѓународни стандарди за труд, ги промовира правата на работното место и поттикнува можности за пристојно вработување, подобрување на социјалната заштита и зајакнување на дијалогот за прашањата поврзани со работата. МОТ има 187 земји-членки, е најстарата агенција на ООН (основана во 1919 година), и е единствената трипартитна агенција од целиот систем на ООН.</p>

Канцеларијата на МОТ за Централна и Источна Европа обезбедува советодавни услуги за 18 земји-членки. Географски, концентрацијата е на Западен Балкан, Молдавија и Украина. Канцеларијата е основана во 1993 година и се наоѓа во Будимпешта, Унгарија со дополнителни канцеларии во регионот. Тимот во моментов се состои од повеќе од 60 вработени.

МОТ има постојано присуство во Северна Македонија од 2009 година со национален координатор. Тековната Национална програма за достоинствена работа во Северна Македонија (2019-2022) е главното средство за обезбедување на поддршка на Владата, работодавците и синдикатите од страна на МОТ.

Програмата има за цел подобрување на социјалниот дијалог како средство за создавање на повеќе и подобри работни места, усогласување на трудовото законодавство со Меѓународните стандарди за труд и законодавството на ЕУ, изготвување на нова национална стратегија за вработување, промовирање на создавање на работни места со фокус на младите, воспоставување на систем за предвидување на потребните вештини, и подобрување на безбедноста и здравјето при работа.

Во периодот 2018 - 2019 година, МОТ обезбеди техничка помош во следниве области:
  • - развој на програма за Гаранција за млади;
  • - проценка на влијанието од реформите во минималната плата;
  • - ревидирање на Програмата за вработување и социјална реформа 2022;
  • - развивање на македонската професионална перспектива;
  • - прелиминарно изготвување на трудовото законодавство;
  • - ревитализација на локалните Економски и социјални совети;
  • - воспоставување на владина процедура за задолжителна консултација со Економскиот и социјалниот совет.

www.ilo.org/north-macedonia

krstanovski@ilo.org

+389 70 218 510