Меѓународна организација за миграции – ИОМ


ИОМ, агенција на ООН за миграции, е посветена на начелото дека хуманите и правилните миграции носат придобивки и за мигрантите и за општеството. Како водечка меѓународна организација за миграции, ИОМ работи со партнерите за да помогне во давањето одговор на зголемените оперативни предизвици во управувањето со миграциите, унапредување на сознанијата за прашања поврзани со миграциите, поттикнување општествен и економски развој преку миграциите, и одржување на човечкото достоинство и добросостојба на мигрантите.

Мисијата на ИОМ во Северна Македонија беше воспоставена во 1999 год., со цел да се помогне на земјата во спроведувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, со посебен акцент на управувањето со миграциите. Оттогаш, активностите на ИОМ Северна Македонија се проширија за да се одговори на низа горливи прашања поврзани со миграциите, вклучувајќи и трговија со луѓе, техничка соработка и градење на институционалните капацитети во областа на миграциите, програми за доброволно враќање и реинтеграција, програми за економска стабилизација, итн. Во стратегијата на ИОМ се зема предвид и процесот за стекнување членство во ЕУ и потребата за прогресивно усогласување со законодавството за азил на ЕУ, како еден од главните движечки елементи на активностите.

Главна цел на ИОМ во Северна Македонија е целосно да се работи во партнерство со Владата и националните и меѓународните партнери за да се зајакнат и усогласат стандардите во сите клучни области поврзани со миграциите.


Осло 6, 1000 Скопје

https://north-macedonia.iom.int/

iomskopje@iom.int

+389 2 30 95 477