Канцеларија на висок комесаријат за човекови права – ОХЦХР


Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права (Човекови права на ОН) е водечки субјект на ОН за човекови права. Генералното собрание им довери на високиот комесар и на канцеларијата единствен мандат за унапредување и заштита на сите човекови права за сите луѓе. Програмата за човекови права на Обединетите нации има за цел да обезбеди реална заштита и уживање на човековите права во животот на сите луѓе. Исто така, Човековите права на ОН играат клучна улога во зачувување на интегритетот на трите меѓусебно поврзани столба на Обединетите нации - мир и безбедност, човекови права, и развој.

Човековите права на ОН обезбедуваат помош во вид на техничка експертиза и развивање на капацитетите, со цел да се поддржи имплементацијата на меѓународните стандарди за човековите права во земјата. Канцеларијата им помага на владите, кои носат примарна одговорност за заштита на човековите права, да ги исполнат своите обврски, а ги поддржува и поединците при остварување на своите права. Покрај тоа, таа објективно зборува за кршењето на човековите права.