Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women


UN Women е главен двигател во застапувањето за родова еднаквост и јакнење на жените на глобално ниво. UN Women работи на глобално ниво со цел визијата за Одржливи цели за развој да стане реалност за жените и девојчињата, и го поддржува еднаквото учество на жените во сите аспекти на животот, со фокус на четири стратешки приоритети: жените подеднакво ги водат, учествуваат во и имаат придобивки од владините системи; жените имаат сигурни приходи, пристојна работа и економска независност; сите жени и девојчиња придонесуваат за и имаат поголемо влијание врз градењето одржлив мир и отпорност, и подеднакво имаат придобивки од превенцијата од природни непогоди и конфликти и хуманитарните активности.

На планот на ставање крај на насилството врз жените и девојчињата, UN Women во земјата спроведува компонента во рамки на регионалната ЕУ-UN Women програма „Стоп за насилството врз жените и девојчињата во Западен Балкан и Турција: Имплементација на норми, промена на мислењата”. Програмата има за цел да се сузбие насилството и дискриминацијата врз жените и девојчињата, согласно Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (ЦЕДАВ) и Истанбулската конвенција.

Во програмската област за управување и национално планирање, UN Women го спроведува проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија”, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка - Сида. Со проектот се поддржува постигнување напредок во националните и меѓународните заложби за родова еднаквост и јакнење на жените согласно националните приоритетни цели на ЦОР и процесот за пристапување во ЕУ. Главната цел на проектот е да се подобри животот на жените, вклучувајќи ги и најранливите групи, преку систематска и одржлива интеграција на родовите перспективи во сите фази на процесите за креирање политики и буџетирање.

UN Women ги поддржува националните заложби за унапредување на жените во рамки на реформата на безбедносниот сектор. UN Women обезбедува експертиза за подготовка на курсеви за обука за вклучување на родовите прашања, наменети за Министерството за одбрана и Армијата, и го поддржува подигнувањето на свеста.

UN Women Северна Македонија, исто така, е дел од заедничкиот проект на агенциите на ОН „Работа од долу нагоре – градење локален модел за деинституционализација”, во рамки на Партнерството на ОН за унапредување на правата на лицата со попреченост (УНПРПД).

info.mk@unwomen.org