Програма за развој при ОН – УНДП


Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП работи во партнерство со луѓето на сите нивоа во општеството, помагајќи да се искорени сиромаштијата, да се намалат нееднаквостите и исклученоста, и да се заштити планетата. УНДП создава нации кои можат да го водат и одржуваат развојот за да се подобри квалитетот на живот за секого, помагајќи на нациите да ги постигнат Целите за одржлив развој со фокус на четири главни области: намалување на сиромаштијата и демократско управување, превенција на кризи и закрепнување, и животна средина и енергија за одржлив развој.

Во Северна Македонија работиме на унапредување на доброто управување, подобрување на социјалните услуги, намалување на социјалната исклученост, обезбедување можности за вработување за сите, зголемување на отпорноста на климатските шокови, намалување на загадувањето и унапредување на родовата еднаквост. За нашата работа во Северна Македонија можете да дознаете повеќе ако не следите на Facebook и Twitter.


Јордан Хаџи Константинов Џинот 23, 1000 Скопје