Канцеларија на висок комесаријат за бегалци – УНХЦР


УНХЦР има мандат да ја предводи и да ја координира меѓународната акција за заштита на бегалците низ светот, обезбедувајќи секој да го оствари правото на азил и наоѓање безбедно прибежиште во друга држава, како и доброволно да се врати дома. Напорите на УНХЦР се регулирани со неговиот статут и се раководат според Конвенцијата од 1951 година за статусот на бегалците и нејзиниот Протокол од 1967 година. Исто така, УНХЦР има мандат да им помогне на луѓето без државјанство.