Канцеларија за услуги на проекти при ОН – УНОПС


Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации (УНОПС) е организација на Обединетите нации (ОН) со мисија да помага на луѓето да градат подобар живот и земјите да постигнат мир и одржлив развој. Како дел од семејството на Обединетите нации, и како единствена организација во рамки на ООН со само-финансирање, УНОПС е посветена на вредностите на ООН и ефикасноста на приватниот сектор. Со мандат во инфраструктурата, набавките, управувањето со проекти, човечките ресурси, финансискиот менаџмент и други услуги за управување, УНОПС го поддржува мирот, безбедноста, хуманитарното и развојното работење во над 80 земји ширум светот. Покрај агенциите, фондовите и програмите од системот на Обединетите нации, партнери на УНОПС се меѓународни и регионални финансиски институции, меѓувладини институции, влади донатори и влади приматели на донации, и невладини организации, како и фондации и приватниот сектор. Овие партнери се повикуваат на УНОПС за да ги надополнат сопствените капацитети, да ја подобрат брзината, да ги намалат ризиците, да ја поттикнат исплатливоста и да го зголемат квалитетот на својата работа. Во 2020 год., УНОПС слави 25-годишнина од основањето.

Канцеларијата на УНОПС во Северна Македонија, Скопје, беше основана во 2018 год. со цел да се поддржуваат заложбите на партнерите за спроведување проекти кои придонесуваат за одржлив развој во земјата. УНОПС обезбедува значајна техничка експертиза за имплементација на Целите за одржлив развој преку спроведување проекти со кои се олеснуваат интеграциите на земјата во ЕУ, се даваат решенија за долготрајните еколошки предизвици, и придонесуваат за поурамнотежен социо-економски развој преку јакнење на локалната инфраструктура и давање поддршка за нови вработувања. Проектите на УНОПС се спроведуваат во координација со и активно учество на институциите на национално и локално ниво. Таквиот пристап овозможува одржливост на проектните резултати преку унапредување на сопственичкото право на партнерите врз достигнувањата од проектите, со цел да се овозможи долгорочна добросостојба за луѓето. Канцеларијата на УНОПС во Северна Македонија работи во состав на Проектната канцеларија на УНОПС во Србија, како дел од Регионот на Европа и Централна Азија (ЕЦА).

За повеќе информации, посетете: www.unops.org; twitter.com/UNOPS_Serbia; Или контактирајте со:
Венелин Рангелов | Раководител на услуги за поддршка | venelinr@unops.org | УНОПС Скопје
Вера Јовановиќ | Специјалист за комуникации и партнерства | veraj@unops.org| Канцеларија на УНОПС Србија
Дејан Стојанов | Соработник за комуникации | dejans@unops.org|УНОПС Скопје

www.unops.org

venelinr@unops.org; veraj@unops.org; dejans@unops.org