Светска банка


Групацијата Светска банка, на светско ниво, е еден од најголемите извори на финансирање и знаења за земјите во развој. Петте институции во состав на групацијата ја споделуваат заложбата за намалување на сиромаштијата, зголемување на заедничкиот просперитет, и унапредување на одржливиот развој. Групацијата Светска банка има поставено две цели за светот, кои треба да се постигнат до 2030 год.: намалување на процентот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија до 3% до 2030 год.; зголемување на приходите на најсиромашните 40% од луѓето во секоја земја.

Светска банка е главен извор на финансиска и техничка помош за земјите во развој ширум светот. Тоа не е банка во вообичаената смисла, туку посебен тип на партнерство за намалување на сиромаштијата и поддршка за развојот.

Со 189 земји членки, вработени лица од над 170 земји, и канцеларии на повеќе од 130 локации, Групацијата Светска банка претставува посебен тип на глобално партнерство: петте институции работат на одржливи решенија со кои се намалува сиромаштијата и се создава заеднички просперитет во земјите во развој.

abozinovska@worldbank.org

+389 2 55 15 230 +389 2 3117 159