Денеска објавен Годишен извештај за акутна несигурност на храната и исхраната

ЗАЕДНИЧКО СООПШТЕНИЕ на ЕУ / ФАО / Канцеларија на ООН за координација на хуманитарни работи / УНИЦЕФ / УСАИД / Светска програма за храна

21 април 2020 година, Брисел / Рим / Њујорк – Денеска, меѓународна алијанса на Обединетите нации, владини и невладини агенции кои работат на решавање на основните причини за екстремна глад, објавија ново издание на нивниот годишен Глобален извештај за кризи со храната.

Извештајот на Глобалната мрежа против кризи со храната, заедно со клучните наоди, изјави од партнерите и мултимедијалните материјали во врска со неговата содржина, сега се достапни на:

Клучни наоди од Глобалниот извештај

Во извештајот се наведува дека на крајот на 2019 година, 135 милиони луѓе низ 55 земји и територии се соочиле со акутна несигурност на храната * (IPC / CH фаза 3 или погоре). Дополнително, во 55-те земји соочени со прехранбени криза, опфатени со извештајот, 75 милиони деца биле со застој во развојот, а 17 милиони страдале од прекумерно слабеење во 2019 година.

Ова е највисоко ниво на акутна несигурност на храната * и неухранетост документирано од Мрежата од првото издание на извештајот во 2017 година.

Дополнително, во 2019 година, 183 милиони луѓе се класифицирани во состојба на Стрес (IPC/CH  фаза 2) – во услови на акутен глад и во ризик да преминат во состојба на Криза или полошо (IPC/CH фаза 3 или погоре) доколку се соочат со шок или стрес, како што е пандемијата КОВИД-19.

Повеќе од половина (73 милиони) од 135 милиони луѓе опфатени со извештајот живеат во Африка; 43 милиони живеат на Блискиот исток и Азија; 18,5 милиони живеат во Латинска Америка и Карибите.

Клучните двигатели на трендовите анализирани во извештајот се: конфликт, (клучен фактор што турка 77 милиони луѓе во акутна несигурност на храната), екстремни временски појави (34 милиони луѓе) и економски турбуленции (24 милиони).  

Белешка за уредниците

*Акутна несигурност на храната е кога неможноста лицето да консумира соодветна храна го доведува во опасност неговиот живот или егзистенција. Се базира на меѓународно прифатените мерки на екстремен глад, како што е Интегрираната класификација на безбедноста на храната (IPC) и Cadre Harmonisé. Тоа е потешко отколку / не е исто како и хроничното гладување, како што е објавено секоја година во Годишниот извештај на ООН за сигурноста на храната и исхрана во светот. Хроничен глад е кога некое лице не е во можност да консумира доволно храна за подолг период за да одржува нормален, активен животен стил.

За Глобалната мрежа

Глобалната мрежа против кризи со храната има за цел да ги подобри, интегрира и насочува постојните иницијативи, партнерства, програми и процеси на креирање политики за одржливо решавање на основните причини за кризите со храна.

Глобалниот извештај за кризи со храната е водечка публикација на Глобалната мрежа и е помогната од Информативната мрежа за сигурност на храната (FSIN). Извештајот е резултат на аналитички процес базиран на консензус и партнерства, во кој се вклучени 16 меѓународни хуманитарни и развојни партнери: the Comité Permanent Inter-Etats de Lutte contre la Sécheresse dans le Sahel (CILSS), Европската унија (ЕУ), Системи за рано предупредување од глад (FEWS NET), Организација за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), Глобален кластер за безбедност на храна, Глобален кластер за исхрана, Интегрирана класификација на фази на сигурност на храната (IPC), Глобална единица за поддршка, Меѓувладина управа за развој (IGAD), Меѓународен институт за истражување на политиките на храна (IFPRI), Централноамерикански систем за интеграција (SICA), Заедница за развој на Јужна Африка (SADC), Фонд за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Aгенција за меѓународен развој на САД (УСАИД), Светска програма за храна на Обединетите нации (WFP), Канцеларија на ООН за координација на хуманитарни работи (OCHA) и Агенција за бегалци на ООН (УНХЦР).

Прочитајте го извештајот

The Global Report on Food Crises 2020

Поврзани линкови

The Global Network against Food Crises

FAO and COVID-19

FAO in the Emergencies

Прочитајте повеќе

COVID-19: Our hungriest, most vulnerable communities face “a crisis within a crisis”

Addressing the impacts of COVID-19 in food crises | April–December 2020 Anticipating the impacts of COVID-19 in humanitarian and food crisis contexts