СВЕТОТ СЕГА


  • Едно од пет лица сè уште нема пристап до модерна електрична енергија.
  • Помеѓу 1990 и 2010 година бројот на луѓе со пристап до електрична енергија се зголеми за 1,7 милијарди.
  • Бидејќи светското население продолжува да расте, уште повеќе луѓе ќе имаат потреба од евтина електрична енергија за да ги осветлат своите домови и улици, да користат телефони и компјутери, и да ги вршат секојдневните работни задачи.
  • Производството на енергија е главниот причинител на климатските промени, предизвикувајќи околу 60% од вкупната глобална емисија на стакленички гасови.
  • Намалувањето на емисијата на стакленички гасови при производството на енергија е клучен чекор за остварување на долгорочните климатски цели.

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ПРИСТАП ДО ДОСТАПНА, СИГУРНА, ОДРЖЛИВА И СОВРЕМЕНА ЕНЕРГИЈА ЗА СИТЕ

  • Осигуран е универзален пристап до достапни, сигурни и современи енергетски услуги.
  • Значително е зголемен уделот на обновливите извори на енергија во вкупната глобална понуда на енергија.
  • Двојно е зголемена глобалната стапка на подобрување на енергетската ефикасност.

КАКО?


  • До 2030 година, да се подобри меѓународната соработка за олеснување на пристапот до истражувања и технологии за чиста енергија, вклучително и за обновливи извори на енергија, енергетската ефикасност и напредни и почисти технологии за фосилни горива, како и да се промовираат инвестициите во енергетската инфраструктура и технологиите за чиста енергија.
  • До 2030 година, да се прошири инфраструктурата и да се надгради технологијата за снабдување со современи и одржливи енергетски услуги за сите во земјите во развој, особено во најмалку развиените земји, во малите островски земји во развој, во земјите во развој што немаат излез на море, во согласност со соодветните програми за поддршка.

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ