СВЕТОТ СЕГА


 

  • 2,4 милијарди луѓе немаат пристап до основни санитарни услуги како тоалети или полски клозети.
  • Секој ден умираат речиси 1.000 деца како резултат на дијареални болести кои можат да бидат спречени.
  • Недостатокот на вода влијае на преку 40% од глобалното население и се очекува да расте како резултат на ефектите од климатските промени.
  • До 2050 година најмалку едно од четири лица ќе биде погодено од повторливи недостатоци на вода.
  • Хидроенергијата е најважниот и широко користен обновлив извор на енергија и заклучно со 2011 година претставува 16% од вкупното производство на електрична енергија ширум светот.
 

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ПРИСТАП ДО ВОДА ЗА СИТЕ И ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО ВОДАТА И САНИТАРНИТЕ УСЛОВИ

  • Постигнат е универзален и еднаков пристап до безбедна и достапна вода за пиење за сите.
  • Обезбеден е пристап до соодветни и еднакви хигиенски и санитарни услови за сите, ставен е крај на дефекацијата на отворено, со посебен осврт кон потребите на жените, девојчињата и ранливите лица.
  • Подобрен е квалитетот на водата преку намалување на загадувањето, спречување на нелегалното отстранување на отпадот и минимизирање на ослободувањето на опасни хемикалии и материјали, преполовување на учеството на непречистени отпадни води и значително зголемување на рециклирањето и на безбедната повторна употреба на глобално ниво.
  • Значително е зголемена ефикасноста при употреба на водата во сите сектори, и осигурани се одржливи капацитети за зафаќање и резерви на слатка вода за да се одговори на недостатокот на вода и значително да се намали бројот на луѓе што страдаат од недостиг на вода.
  • Спроведено е интегрирано управување со водните ресурси на сите нивоа, вклучително и прекугранична соработка, соодветно на потребите.
  • Заштитени и обновени се екосистемите кои се поврзани со водите, меѓу кои и планините, шумите, мочуриштата, реките, подземните водни тела и езерата, до 2020 година.

КАКО?


  • До 2030 година, да се прошири меѓународната соработка и поддршката за градење на капацитетите на земјите во развој, за активности и програми поврзани со водоснабдување и санитарни услови, меѓу кои и собирање вода, десалинизација, ефикасност на системите за водоснабдување, третман на отпадни води, рециклирање и технологии за повторна употреба.
  • Да се поддржи и да се зајакне учеството на локалните заедници при подобрување на управувањето со вода и санитарни услови.

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ