СВЕТОТ СЕГА


  • Во последните 26 години глобалните емисии на јаглерод диоксид (CO2) се зголемија за речиси 50%.
  • Емисиите на стакленички гасови од човечки активности се носители на климатските промени и продолжуваат да растат; тие сега се на највисокото ниво во историјата.
  • Температурата на океаните се зголемува, количините на снег и мраз се намалуваат и се зголемува нивото на морето. Од 1901 до 2010 година, глобалното просечно ниво на морето порасна за 19 сантиметри.
  • Просечната температура на површината на земјата е предвидено да се зголеми во текот на 21от век и многу е веројатно дека ќе надмине зголемување од 3 целзиусови степени; најмногу погодени се најсиромашните и најранливи категории на луѓе

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ИТНИ МЕРКИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ*

  • Сите земји имаат зајакнета отпорност и капацитет за приспособување кон опасности поврзани со климатските промени и со природните катастрофи.
  • Мерките за климатски промени се интегрирани во националните политики, стратегии и планови.
  • Подобрено е образованието, подигната е свеста, и подобрени се човечките и институционалните капацитети за ублажување на климатските промени, за адаптација, намалување на влијанието и рано предупредување.

КАКО?


  • Да се спроведе обврската преземена од страна на развиените земји потписнички на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, за заедничко мобилизирање 100 милијарди долари на годишно ниво од сите извори до 2020 година, со цел да се одговори на потребите на земјите во развој, во смисла на преземање значителни активности за ублажување и транспарентност во спроведувањето, и потполно и што е можно поскоро операционализирање на Климатскиот зелен фонд преку негова капитализација.
  • Да се промовираат механизми за зголемување на капацитетите за ефикасно планирање и управување со климатските промени, во најнеразвиените земји и во малите островски земји во развој, меѓу другото и преку фокусирање врз жените, младите и локалните и маргинализираните заедници.
  • * Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени претставува примарен меѓународен, меѓувладин форум за преговарање на глобалниот одговор кон климатските промени.

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ