СВЕТОТ СЕГА


  • Во 2015 година беа невработени над 200 милиони луѓе, вклучувајќи 75 милиони млади на возраст под 25 години.
  • Помеѓу 2016 и 2030 година се потребни повеќе од 470 милиони работни места на глобално ниво за новите учесници на пазарот на труд.
  • Речиси 2,2 милијарди луѓе живеат под прагот на сиромаштија, дефиниран како живеење со помалку од 2 долари дневно.

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ДА СЕ ПРОМОВИРА ИНКЛУЗИВЕН И ОДРЖЛИВ ЕКОНОМСКИ РАСТ, ВРАБОТУВАЊЕ И ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА СИТЕ

  • Економскиот раст по глава на жител е во согласност со националните услови, а бруто домашниот производ на годишно ниво во најмалку развиените земји е со минимум 7 проценти пораст.
  • Постигнато е повисоко ниво на економска продуктивност преку разновидност, технолошка надградба и иновации, како и преку фокус кон остварување висока додадена вредност и сектори што поттикнуваат нови работни места.
  • Се промовираат развојно ориентирани политики што поддржуваат производствени активности, креирање пристојни работни места, претприемништво, креативност и иновации. Се охрабрува формализацијата и растот на микро, малите и средни претпријатија, меѓу другото и преку пристап до финансиски услуги.
  • Прогресивно се подобрува глобалната ефикасност на ресурсите при потрошувачка и производство и се настојува да се постигне економски раст без уништување на животната средина, во согласност со 10-годишната рамковна програма за одржлива потрошувачка и производство, под водство на развиените земји.
  • Се постигнува целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите жени и мажи, вклучително и за младите и за лицата со попреченост, како и еднаква плата за работа со иста вредност.
  • Значително е намален процентот на млади што не се вработени, не се образуваат и не се на обука до 2020 година.
  • Се преземаат итни и ефективни мерки за искоренување на принудната работа, ставен е крај на модерното ропство и на трговијата со луѓе. Ставена е забрана и елиминирани се најлошите форми на искористување деца за работа, вклучително и на регрутирањето и употребата на деца како војници, а до 2025 година, ставен е крај на детскиот труд во сите облици.
  • Правата на работниците се заштитени, а се промовира безбедна и сигурна работна средина за сите работници, вклучително и за работниците мигранти, особено за жените мигранти и за оние со нестабилно вработување.
  • Изготвени и спроведени се политики за промовирање одржлив туризам којшто создава работни места и ја промовира локалната култура и производи.
  • Зајакнет е капацитетот на домашните финансиски институции, со цел да се поттикне и да се прошири пристапот до банкарски, осигурителни и финансиски услуги за сите.

КАКО?


  • Да се зголеми поддршката за трговија на земјите во развој, особено на најмалку развиените земји, вклучително и преку Зајакната интегрираната рамка за зголемување на техничката помош во однос на трговијата за најмалку развиените земји.
  • До 2020 година, да се развие и да се стави во функција глобална стратегија за вработување на младите и спроведувањето на Глобалниот пакт за работни места на Меѓународната организација на трудот.

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ