СВЕТОТ СЕГА


  • Во Супсахарска Африка, Океанија и Западна Азија, девојчињата сè уште се соочуваат со бариери за тргнување во основно и средно училиште.
  • Жените во Северна Африка се на помалку од едно од пет платени работни места во неземјоделскиот сектор.
  • Само во 46 земји повеќе од 30% од пратениците во националниот парламент се жени.

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ДА СЕ ПОСТИГНЕ РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЕМАНЦИПАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈЧИЊАТА

  • Укинати се сите форми на дискриминација против жените и девојчињата, насекаде.
  • Елиминирани се сите форми на насилство врз жени и девојчиња во јавната и во приватната сфера, вклучително и трговијата со луѓе, сексуална и друг вид експлоатација.
  • Елиминирани сите штетни појави, како што се присилни бракови со деца, бракови во рана возраст и генитално осакатување на женската популација.
  • Неплатената нега и домашната работа се признава и вреднува преку овозможување јавни услуги, инфраструктура и политики за социјална заштита и промоција на заедничка одговорност во рамките на домаќинствата и семејствата, соодветно на националните околности.
  • Целосно и ефективно учество на жените и еднакви можности за лидерство на сите нивоа при донесувањето одлуки во политичкиот, економскиот и во јавниот живот.
  • Универзален пристап до правото за обезбедување на полово и репродуктивно здравје, во согласност со Програмата за акција на Меѓународната конференција за население и развој и Пекиншката платформа за акција и документите кои се резултат на овие конференции.

КАКО?


  • Да се преземат реформи за еднаков пристап на жените до економски ресурси, како и пристап до земјиште и до други форми на сопственост, финансиски услуги, наследство и природни ресурси, во согласност со националните закони.
  • Да се зголеми примената на технологии што обезбедуваат подобри услови, особено во информатичката и во комуникациската сфера, со цел промовирање на еманципацијата на жените.
  • Да се усвојат и да се подобрат здрави политики и акти за нивно спроведување со цел подобрување на родовата еднаквост и еманципација на сите жени и девојки, на сите нивоа.

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ