СВЕТОТ СЕГА


  • Годишно сè уште умираат повеќе од шест милиони деца под 5-годишна возраст.
  • И покрај утврдениот глобален напредок, зголемен е процентот на смртни случаи кај деца во Супсахарска Африка и Јужна Азија.
  • Четири од секои пет смртни случаи се случуваат во овие региони.
  • Процентот на мајки во регионите во развој кои не го преживуваат породувањето е сè уште 14 пати повисок отколку процентот на мајки во развиените региони кои не го преживуваат породувањето.
  • Само половина од жените во регионите во развој ja добиваат препорачаната количина на потребната здравствена заштита.
  • Во 2013 имаше 250.000 нови ХИВ инфекции помеѓу адолесцентите, од кои две третини беа девојчиња.

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ЗДРАВ ЖИВОТ И ДА СЕ ПРОМОВИРА БЛАГОСОСТОЈБАТА НА СИТЕ ЗА СИТЕ ВОЗРАСТИ

  • Намалена е глобалната смртност кај родилките на помалку од 70 на 100.000 живородени.
  • Ставен е крај на смртноста кај новороденчињата и децата под 5-годишна возраст. Сите земји имаат цел да ја намалат смртноста на новороденчиња на помалку од 12 случаи на 1.000 живородени деца, а смртноста на деца под 5-годишна возраст да се намали на помалку од 25 случаи на 1.000 живородени деца.
  • Ставен е крај на епидемијата на СИДА, туберкулоза, маларија и занемарените тропски болести, и зајакнета е борбата против хепатитис, болестите кои се пренесуваат преку вода и други заразни болести.
  • Предвремената смртност од незаразни болести е намалена за една третина преку превенција и лекување. Се подобруваат душевното здравје и благосостојбата на луѓето.
  • Се подобруваат превенцијата и лекувањето на злоупотребата на супстанции, вклучително и злоупотребата на наркотични дроги и штетното користење алкохол.
  • Преполови е бројот на смртни случаи и повреди од сообраќајни незгоди на глобално ниво, до 2020 година.
  • Обезбеден е универзален пристап до услугите за полово и репродуктивно здравје, вклучително и за планирање на семејството, информирање и едукација. Репродуктивното здравје е интегрирано во националните стратегии и програми.
  • Постигнато е универзално здравствено осигурување, вклучувајќи и заштита од финансиски ризик, пристап до квалитетни основни здравствени услуги и пристап до безбедни, ефективни, квалитетни и достапни основни лекови и вакцини за сите.
  • Значително е намален бројот на смртни случаи и болести предизвикани од опасни хемикалии, загадување на воздухот, водата и почвата.

КАКО?


  • Да се зајакне спроведувањето на Рамковната конвенција на Светската здравствена организација за контрола на тутунот во сите земји, соодветно на потребите.
  • Да се поддржи истражувањето и развојот на вакцини и лекови за заразни и незаразни болести, што главно ги погодуваат земјите во развој, да се обезбеди пристап до достапни основни лекови и вакцини, во согласност со Декларацијата од Доха и во однос на Спогодбата за трговските аспекти на правата на интелектуална сопственост (TRIPS) и јавното здравје, со што се потврдува правото на земјите во развој во целост да ги користат одредбите од Спогодбата за трговските аспекти на правата на интелектуална сопственост во врска со флексибилноста за заштита на јавното здравје, а особено за да се обезбеди пристап до лекови за сите.
  • Значително да се зголеми финансирањето во областа на здравството, како и вработувањето, развојот, обуката и задржувањето на работната сила во здравствените установи во земјите во развој, особено во најнеразвиените земји и во малите островски земји во развој.
  • Да се зајакнат капацитетите на сите земји, особено на земјите во развој, за рано предупредување, намалување на ризикот и управување со националните и со глобалните здравствени ризици.

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ