СВЕТОТ СЕГА


  • Основната инфраструктура како што се: патишта, информатички и комуникациски технологии, санитарен систем, електрична енергија и вода, е сè уште оскудна во многу земји во развој.
  • 16% од глобалното население нема пристап до мобилни широкопојасни мрежи.
  • Во многу африкански земји, особено оние со понизок приход, ограничувањата во однос на инфраструктурата влијаат на продуктивноста на компаниите за околу 40%.
  • Водено од брзиот раст на производството во Азија, учеството на производството во бруто домашниот производ (БДП) се зголеми од 15,2% во 2005 година на 16,3% во 2017 година.
  • Ефектот на „множење на работни места“ во индустријализацијата има позитивно влијание врз општеството. Односно, секое работно место во производството создава 2,2 работни места во другите сектори.
  • Малите и средни претпријатија кои се занимаваат со индустриска преработка и производство се најсуштински за раните фази на индустријализацијата, и обично се најголеми создатели на работни места. Тие сочинуваат над 90% од бизнисот ширум светот, и создаваат помеѓу 50-60% од вработеноста.
  • Најмалку развиените земји имаат огромен потенцијал за индустријализација на храна и пијалоци (агроиндустрија), текстил и облека, со добри изгледи за одржливо создавање на вработеност и поголема продуктивност.
  • Во земјите во развој, едвај 30% од земјоделското производство претрпува индустриска преработка. Во земјите со високи приходи пак, се обработуваат 98%. Ова укажува на тоа дека постојат големи можности во агробизнисот за земјите во развој.
  • Земјите со средни приходи можат да имаат корист од влегување во индустријата за основни и фабрикувани метали, кои нудат голем број на производи за кои постои брзорастечка меѓународна побарувачка.

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ДА СЕ ИЗГРАДИ ОТПОРНА ИНФРАСТРУКТУРА, ДА СЕ ПРОМОВИРА ИНКЛУЗИВНА И ОДРЖЛИВАИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈА И ДА СЕ ПОТТИКНУВААТ ИНОВАЦИИ

  • Изградена е квалитетна, сигурна, одржлива и отпорна инфраструктура (вклучително и регионална и прекугранична инфраструктура) за поддршка на економскиот развој и човечката благосостојба, со фокус на достапна инфраструктура со правичен пристап за сите.
  • Се промовира инклузивна и одржлива индустријализација. Значително е зголемена вработеноста во индустрискиот сектор и учеството на индустријализацијата во вкупниот бруто домашен производ. Во согласност со националните услови двојно е зголемено учеството на индустријализацијата во најмалку развиените земји.
  • Зголемен е пристапот на малите индустриски и други претпријатија до финансиски услуги (вклучително и до поволни кредити), и нивната интеграција во синџирот на вредности и на пазарите, особено во земјите во развој.
  • Подобрена е инфраструктурата и осовременети се индустриите со цел да станат одржливи, преку зголемена ефикасност во користењето на ресурсите и поголемо прифаќање на чисти еколошки технологии и индустриски процеси, и сите земји преземаат мерки во согласност со своите способности.
  • Подобрени се научните истражувања и надградени се технолошките можности во индустриските сектори во сите земји, особено во земјите во развој. Иновативноста е поттикната, и значително е зголемен бројот на лица кои работат на истражувања и развој. Зголемени се средствата кои се наменети за истражувања и развој од јавни и приватни фондови

КАКО?


  • Да се овозможи развој на одржлива и отпорна инфраструктура во земјите во развој, преку зголемена финансиска, технолошка и техничка поддршка за земјите од Африка, најмалку развиените земји, земјите во развој без излез на море и малите островски земји во развој.
  • Да се поддржи развојот на домашната технологија, истражувањата и иновациите во земјите во развој, како и да се обезбеди средина која поттикнува меѓу другото и разновидност во индустриските сектори и додадена вредност на стоките.
  • До 2020 година, значително да се зголеми пристапот до информатички и до комуникациски технологии и да се настојува да се обезбеди универзален пристап до интернет во најмалку развиените земји.

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ