СВЕТОТ СЕГА


  • Океаните покриваат три четвртини од површината на Земјата, содржат 97% од водата на Земјата и, по волумен, зафаќаат 99% од просторот за живеење на планетата.
  • Егзистенцијата на преку три милијарди луѓе зависи од морскиот и крајбрежниот биодиверзитет.
  • Морскиот риболов директно или индиректно вработува над 200 милиони луѓе.
  • Субвенциите за риболов придонесуваат за брзо исцрпување на многу видови риби, и ги спречуваат напорите за зачувување и обновување на глобалното рибарство и работните места кои се поврзани со риболовот.
  • Количината на отпад што луѓето го фрлаат во океаните е огромна - 13.000 парчиња ѓубре на секој квадратен километар океан.

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ДА СЕ ЗАШТИТАТ И ОДРЖЛИВО ДА СЕ КОРИСТАТ ОКЕАНИТЕ, МОРИЊАТА И МОРСКИТЕ РЕСУРСИ ЗАРАДИ ПОСТИГНУВАЊЕ ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

  • Значително е намалено секакво загадување на морињата особено од копнените активности, вклучително и од морски отпад и загадување со нутриенти.
  • Со морските и крајбрежни екосистеми одржливо се управува, и истите се заштитуваат за да се избегнат значителни негативни влијанија преку зајакнување на нивната отпорност. Се преземаат акции за нивно обновување со цел да се обезбедат здрави и продуктивни океани.
  • Се минимизираат ефектите од закиселувањето на океаните и се бара решение за нив преку напредна научна соработка, на сите нивоа.
  • До 2020 ефективно е регулирано користењето плодови од морињата и запрен е прекумерниот риболов, непријавениот и нелегален риболов и деструктивните риболовни практики. Спроведени се научно базирани планови за управување заради обновување на рибниот фонд во најкраток можен рок, барем до ниво што може да произведе максимално одржлив принос определен од биолошките карактеристики.
  • До 2020 година, заштитени се барем 10 проценти од крајбрежните и од морските подрачја во согласност со националните и меѓународните закони и врз основа на најдобрите достапни научни информации.
  • До 2020 година, забранети се одредени форми на риболовни субвенции што придонесуваат за прекумерен риболов. Укинати се субвенциите што придонесуваат за незаконски, непријавен и нелегален риболов и не се воведуваат нови субвенции, препознавајќи дека соодветниот и ефективен, посебен и поинаков третман за земјите во развој и за најмалку развиените земји треба да биде составен дел од преговорите на Светската трговска организација за риболовни субвенции.
  • Зголемени се економските придобивки од одржливо користење на морските ресурси за малите островски земји во развој и најмалку развиените земји преку одржливо управување со рибарството, аквакултурата и туризмот.

КАКО?


  • Да се зголемат научните знаења, развивање на капацитетите за истражување и трансфер на морските технологии, земајќи ги предвид критериумите на Меѓувладината океанографска комисија и Упатството за трансфер на морска технологија, со цел да се подобри квалитетот на океаните и да се зголеми учеството на морскиот биодиверзитет во развојот на земјите во развој, особено на малите островски земји во развој и најмалку развиените земји.
  • Да се обезбеди пристап до морските ресурси и пазари за малите професионални рибари.
  • Да се подобри заштитата и одржливото користење на океаните и на нивните ресурси преку примена на меѓународното право, како што е наведено во Конвенцијата на ОН за поморските закони (UNCLOS), која обезбедува правна рамка за заштита и одржливо користење на океаните и нивните ресурси, во согласност со наведеното во став 158 – Иднината што ја сакаме

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ