СВЕТОТ СЕГА


  • Секоја година се губат околу 13 милиони хектари шуми.
  • Од шумите зависи егзистенцијата на околу 1,6 милијарди луѓе.
  • Шумите се дом на повеќе од 80% од сите копнени видови на животни, растенија и инсекти.
  • 2,6 милијарди луѓе директно зависат од земјоделство, но 52% од земјиштето што се користи за земјоделство е делумно или сериозно деградирано.
  • Поради суша и опустинување, секоја минута се губат 23 хектари земја на која инаку би можеле да се одгледаат 20 милиони тони жито.
  • Од 8.300 познати раси на животни, 8% се изумрени а 22% се изложени на ризик од истребување.
  • Дури 80% од луѓето што живеат во руралните области во земјите во развој се потпираат на традиционални лекови базирани на билки и растенија како основно средство за здравствена заштита.

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ОДРЖЛИВО ДА СЕ УПРАВУВА СО ШУМИТЕ, ДА СЕ СПРЕЧИ ОПУСТИНУВАЊЕТО, ДА СЕ ЗАПРЕ ДЕГРАДАЦИЈАТА НА ЗЕМЈИШТЕТО И ДА СЕ СПРЕЧИ ЗАГУБАТА НА БИОЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ

  • До 2020 година гарантирана е заштита, обнова и одржливо користење на копнените и континенталните слатководни екосистеми и на нивните услуги, особено на шумите, мочуриштата, планините и сушните подрачја во согласност со обврските од меѓународните договори.
  • До 2020 година, се промовира одржливо управување на сите видови шуми, запрено е обесшумувањето, деградираните шуми се враќаат во првобитната состојба и значително се зголемува обновувањето на деградираните шуми и пошумувањето на глобално ниво.
  • Се продолжува со борбата против опустинувањето, деградираното земјиште и почви се враќаат во првобитната состојба, вклучувајќи ги и земјиштата погодени со опустинување, суши и поплави. Се прават напори за постигнување на свет без активности кои го деградираат земјиштето.
  • Планинските екосистеми се заштитени, а исто така и нивната биолошка разновидност со цел да се подобри нивниот капацитет за обезбедување придобивки кои се од суштинско значење за одржливиот развој.
  • Се преземаат итни и значајни мерки за намалување на деградацијата на природните живеалишта, запрено е губењето на биолошката разновидност и, до 2020 година заштитени се загрозените видови и спречено е нивното изумирање.
  • Се промовира фер и рамноправна распределба на придобивките што произлегуваат од користењето на генетските ресурси и се промовира соодветен пристап до тие ресурси, во согласност со меѓународните договори.
  • Се преземаат итни мерки за ставање крај на ловокрадството и на трговијата со заштитени видови флора и фауна. Се преземаат мерки и за решавање на проблемите поврзани со побарувачката и понудата на нелегални производи од дивата флора и фауна.
  • Воведени се мерки за спречување и значително намалување на влијанието на инвазивните видови во копнените и во водните екосистеми, и контрола или искоренување на приоритетните видови.
  • Вредностите на екосистемите и биолошката разновидност се интегрирани во националните и локалните планови, развојни процеси, стратегии и активности за намалување на сиромаштијата.

КАКО?


  • Да се мобилизираат и значително да се зголемат финансиските средства од сите извори за заштита и одржливо користење на екосистемите и биолошката разновидност.
  • Да се мобилизираат значајни средства од сите извори и на сите нивоа да се финансира одржливо управување со шумите и да се обезбедат соодветни стимулации за унапредување на ваквото управување во земјите во развој, вклучително и за заштита и обновување на шумите.
  • Да се подобри глобалната поддршка на напорите за борба против криволовството и трговијата со заштитени видови, вклучително и преку зголемување на капацитетите на локалните заедници да користат одржливи извори на приходи.

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ