СВЕТОТ СЕГА


  • Околу 836 милиони луѓе низ светот сè уште живеат во услови на екстремна сиромаштија. Оваа бројка ги опфаќа сите кои живеат со помалку од 1.25 долари дневно. За споредба, бројот на луѓе кои живеат во вакви услови е отприлика еднаков со популацијата на Европа. Мнозинството од нив се наоѓа во Јужна Азија и Супсахарска Африка.

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА СИРОМАШТИЈАТА , ВО СИТЕ НЕЈЗИНИ ФОРМИ И НАСЕКАДЕ .

  • Искоренета е екстремната сиромаштија на сите луѓе, насекаде во светот, со која според тековните показатели се зафатени сите што живеат со помалку од 1,25 долари на ден.
  • Намален е бројот на мажи, жени и деца од сите возрасти што живеат во сиромаштија, во сите нејзини облици според националните дефиниции, за најмалку половина.
  • Спроведени се соодветни национални системи и мерки за социјална заштита за сите, особено за најзагрозените, а заклучно со 2030 година, постигнат е и значителен опфат на сиромашните и на ранливите.
  • Сите мажи и жени, особено сиромашните и ранливите, имаат еднакви права на економски ресурси како и пристап до основните услуги, управување и контрола над земјиштето и други форми на сопственост, наследство, природни ресурси, соодветна нова технологија и финансиски услуги, како и микрофинансирање.
  • Изграден е систем што ќе обезбеди поголема отпорност на сиромашните и ранливите лица и ќе ја намали нивната изложеност и ранливост пред екстремни настани предизвикани од екстремни климатски појави и други економски, социјални и еколошки шокови и природни катастрофи.

КАКО?


  • Да се создаде прифатлива политичка рамка на национално, регионално и меѓународно ниво, во полза на сиромашните и врз основа на родово сензитивни стратегии за развој, да се поттикнат забрзани инвестиции наменети за активности во врска со искоренувањето на сиромаштијата
  • Да се обезбеди значајна мобилизација на ресурси од различни извори, вклучително и преку зголемена развојна соработка, со цел да се обезбедат соодветни и предвидливи средства за земјите во развој, особено за најмалку развиените земји, за реализација на програми и политики со кои ќе се стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ