СВЕТОТ СЕГА


  • Во 2014 година официјалната поддршка за развој изнесуваше 135,2 милијарди долари, највисокото ниво забележано досега.
  • Околу 79% од увезените стоки во развиените земји што доаѓаат од земјите во развој се без царински трошоци.
  • Долгот на земјите во развој е стабилен и изнесува околу 3% од приходите од извозот.
  • Бројот на корисници на интернет во Африка речиси двојно се зголеми во последните четири години.
  • Околу 30% од младите во светот се активни на интернет најмалку пет години, поради што се нарекуваат „дигитални домородци“.
  • Повеќе од четири милијарди луѓе не користат интернет, а 90% од нив се од земјите во развој.

СВЕТОТ ВО 2030


  • ЦЕЛ: ДА СЕ ЗАЈАКНАТ СРЕДСТВАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ И РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ГЛОБАЛНОТО ПАРТНЕРСТВО ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
  • ФИНАНСИИ

    Зајакнета е мобилизацијата на домашните ресурси, меѓу другото и преку меѓународна поддршка за земјите во развој, со цел подобрување на домашните капацитети за наплата на даноци и други приходи.
  • Развиените земји целосно ги исполнуваат своите официјални обврски за развојна помош, вклучително и обврската на повеќето развиени земји за постигнување на таргетот за отстапување 0,7 проценти од нивниот бруто-домашен приход (БДП) како официјална развојна помош на земјите во развој и 0,15-0,20 проценти од БДП за најмалку развиените земји; давателите на официјална развојна помош размислуваат за поставување цел од најмалку 0,20 проценти од официјалната развојна помош која би се доделувала на најмалку развиените земји.
  • Мобилизирани се дополнителни финансиски средства од повеќе извори за земјите во развој.
  • Земјите во развој добиваат помош за постигнување одржливост на долгорочниот долг преку координирани политики насочени кон поттикнување финансирање, отпишување и преструктуирање на долгот, и доколку е потребно, решавање на надворешниот долг на високозадолжените сиромашни земји.
  • Се донесуваат и спроведуваат режими за промоција на инвестирањето во најмалку развиените земји.
  • ТЕХНОЛОГИЈА

    Се подобрува соработката во насока север-југ, југ-југ и триаголната регионална и меѓународна соработка за подобрување на пристапот до наука, технологија и иновации, и се подобри споделувањето на знаење под заеднички договорени услови, вклучително и преку подобрена координација меѓу постојните механизми, особено на ниво на Обединетите нации, и преку механизмот за олеснување на глобалната технологија.
  • Се унапредува развојот, преносот, дистрибуцијата и дифузијата на соодветни еколошки технологии во земјите во развој по поволни услови, вклучително и преку меѓусебно договорени концесиски и повластени услови.
  • До 2017 година потполно се операционализира банката на технологии и на научни, технолошки и иновативни механизми за градење на капацитетите во најмалку развиените земји, и се зголеми употребата на овозможувачка технологија, особено на информатичката и комуникациската технологија.
  • ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ

  • Подобрена е меѓународната поддршка за спроведување ефективно и насочено градење капацитети во земјите во развој за поддршка на националните планови за спроведување на сите цели за одржлив развој, вклучително и преку соработка север-југ, југ-југ и триаголна соработка.
  • ТРГОВИЈА

  • Се промовира универзален, заснован врз правила, отворен, недискриминирачки и правичен мултилатерален трговски систем во рамките на Светската трговска организација, меѓу другото и преку завршување на преговорите во рамките на Развојната агенда од Доха.
  • Значително е зголемен извозот на земјите во развој, со цел до 2020 година двојно да се зголеми уделот на најмалку развиените земји во вкупниот глобален извоз.
  • Навремено се спроведува пристап до пазари без давачки и квоти на долгорочна основа за сите најмалку развиени земји, во согласност со одлуките на Светската трговска организација, меѓу другото и преку обезбедување на транспарентни и едноставни правила за потеклото на увозот од најмалку развиените земји, кои придонесуваат за олеснување на пристап до пазарот.
  • СИСТЕМСКИ ПРАШАЊА

    Политики и институционална кохерентност
    Подобрена е глобалната макроекономска стабилност, вклучително и преку координација и кохерентност на политиките.
  • Подобрена е кохерентноста на политиките за одржлив развој.
  • Се почитува политичкиот простор и лидерството во секоја од земјите за воспоставување и спроведување политики за искоренување на сиромаштијата и одржлив развој.
  • Партнерство од повеќе општествени чинители
    Зајакнето е Глобалното партнерство за одржлив развој, надополнето со партнерства од повеќе чинители кои се мобилизираат и споделуваат знаења, експертиза, технологии и финансиски ресурси за поддршка и остварување на целите за одржлив развој во сите земји, особено во земјите во развој.
  • Се поттикнуваат и промовираат ефикасни јавни, јавно-приватни и партнерства со граѓанскиот сектор, засновани врз искуства и партнерски стратегии за обезбедување ресурси.
  • Податоци, следење и отчет
  • До 2020 година, зголемена е поддршката за градење капацитети во земјите во развој, вклучително и во најмалку развиените земји и во малите островски земји во развој, со цел значително да се зголеми достапноста на висококвалитетни, навремени и сигурни податоци расчленети врз основа на приход, пол, возраст, раса, етничка припадност, миграциски статус, попреченост, географска локација и други карактеристики што се релевантни во национален контекст.
  • Надградени се постојните иницијативи за развивање мерила за напредокот на одржливиот развој што го надополнува бруто домашниот производ, и поддржано е градењето на капацитетите за водење статистика во земјите во развој.

КАКО?


  • Да им се помогне на земјите во развој да постигнат одржливост на долгорочниот долг преку: (i) координирани политики насочени кон поттикнување финансирање; (ii) отпишување и преструктуирање на долгот; (iii) соодветно преструктурирање на долгот.
  • Подобрена координација меѓу постојните механизми, особено на ниво на Обединетите нации.
  • Промовирање на универзален, заснован врз правила, отворен, недискриминирачки и правичен мултилатерален трговски систем во рамките на Светската трговска организација
  • Поттикнување и промовирање ефикасни јавни, јавно-приватни и партнерства со граѓанскиот сектор.

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ