СВЕТОТ СЕГА


  • Повеќе од 10 милиони луѓе се без државјанство.
  • Корупцијата, митото, кражбата и затајувањето данок ги чинат земјите во развој околу 1,26 трилиони долари годишно.
  • Стапката на деца кои го напуштаат основното училиште во земјите погодени од конфликт достигна 50% во 2011 година, што значи 28,5 милиони деца.
  • Судството и полицијата се институции најпогодени од корупција.

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ДА СЕ ПРОМОВИРААТ МИРОЉУБИВИ И ИНКЛУЗИВНИ ОПШТЕСТВА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ, ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ И ДА СЕ ИЗГРАДАТ ЕФЕКТИВНИ,ОДГОВОРНИ И ИНКЛУЗИВНИ ИНСТИТУЦИИ НА СИТЕ НИВОА

  • Значително се намалени сите форми на насилство и стапките на смртност, насекаде низ светот.
  • Ставен е крај на злоупотребата, експлоатацијата, трговијата и на сите форми на насилство и измачување на децата.
  • Се промовира владеење на правото на национално и на меѓународно ниво, и се обезбедува еднаков пристап до правда за сите.
  • Значително се намалуваат незаконските финансиски текови и трговија со оружје, се зајакнува обновата и враќањето на украден имот и се спречуваат сите форми на организиран криминал.
  • Значително се намалува митото и корупцијата во сите нивни облици.
  • Развиени се ефикасни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.
  • Се обезбедува одговорно, инклузивно носење одлуки на сите нивоа во кое учествуваат и се претставени сите засегнати страни.
  • Проширено и зајакнето е учеството на земјите во развој во институциите за глобално управување.
  • Обезбеден правен идентитет за сите, вклучително и евиденција на родените.
  • Обезбеден е пристап на јавноста до информации и заштита на основните права и слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори.

КАКО?


  • Да се зајакнат релевантните национални институции, вклучително и преку меѓународна соработка, за градење на капацитетите на сите нивоа, особено во земјите во развој, за спречување на насилството и борба против тероризмот и криминалот.
  • Да се промовираат и да се спроведуваат недискриминаторски закони и политики за одржлив развој.

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ