СВЕТОТ СЕГА


  • Околу 57 милиони деца остануваат надвор од училиштата. Повеќе од половина од овие деца живеат во Супсахарска Африка.
  • Се проценува дека околу 50% од децата на училишна возраст кои не одат на училиште живеат во области погодени од конфликт.

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ИНКЛУЗИВНО И ЕДНАКВО КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ И ДА СЕ ПРОМОВИРААТ МОЖНОСТИТЕ ЗА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ ЗА СИТЕ

  • Сите девојчиња и момчиња стекнале бесплатно, еднакво и квалитетно основно и средно образование, што понатаму ќе овозможи постигнување соодветни и делотворни резултати.
  • Сите девојчиња и момчиња имаат пристап до квалитетен детски развој, грижа и предучилишно образование, како подготовка за основно образование.
  • Сите жени и мажи имаат еднаков пристап до достапно и квалитетно техничко, стручно и терциерно образование, вклучувајќи и високо образование.
  • Значително е зголемен бројот на младите и на возрасните кои имаат соодветни вештини, вклучувајќи технички и стручни вештини со цел вработување, добивање пристојни работни места и претприемништво.
  • Елиминирани се родовите разлики во образованието и има еднаков пристап до сите нивоа на образование и стручна обука за ранливите граѓани, вклучително и за лицата со посебни потреби, домородните народи и децата во ранлива состојба.
  • Сите млади и значителен број од возрасните мажи и жени постигнале јазична и нумеричка писменост.
  • Сите ученици ќе се здобијат со знаења и вештини потребни за промовирање на одржливиот развој, меѓу другото преку едукација за одржлив развој и одржлив начин на живот, човекови права, родова еднаквост, промоција на културата на мирот и ненасилство, глобалното жителство и разбирањето на културната разновидност и придонесот на културата кон одржлив развој.

КАКО?


  • Да се изградат и да се подобрат школските објекти, кои ќе бидат приспособени на барањата на децата, лицата со попреченост и ќе ги земаат предвид родовите разлики обезбедувајќи безбедна, ненасилна, инклузивна и ефективна средина за учење за сите.
  • До 2020 година, на глобално ниво значително да се зголеми бројот на стипендии за земјите во развој, особено за најмалку развиените земји, за малите островски земји во развој и за земјите од Африка, за упис на високообразовни институции, вклучително и за стручни и технички обуки за информатичка и за комуникациска технологија, технички, инженериски и научни програми, во развиените земји и во други земји во развој.
  • До 2030 година, значително да се зголеми понудата на квалификувани наставници, вклучително и преку меѓународна соработка за обука на наставници во земјите во развој, особено во најнеразвиените земји и во малите островски земји во развој.

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ