СВЕТОТ СЕГА


  • Во просек - и земајќи ја предвид големината на населението – нееднаквоста на приходите е зголемена за 11% во земјите во развој помеѓу 1990 и 2010 година.
  • Податоците од земјите во развој покажуваат дека децата кои спаѓаат во најсиромашните 20% од населението, имаат три пати поголема веројатност да не го дочекаат својот петти роденден отколку децата во најбогатиот квинтил.
  • Лицата со попреченост е до пет пати поверојатно да имаат екстремни трошоци за здравство од просечното население.
  • Кај жените во руралните области смртноста при породувањето е три пати поверојатна отколку кај родилките кои живеат во урбаните центри.

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ДА СЕ НАМАЛИ НЕЕДНАКВОСТА ВО И МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ

  • Прогресивно е постигат и одржуван растот на приходите на најсиромашните 40 проценти од населението, кои имаат повисока стапка на раст од националниот просек.
  • Зајакнета и унапредена е социјалната, економската и политичката инклузија без оглед на возраста, полот, попреченоста, расата, етничката припадност, потеклото, религијата, економскиот или друг статус.
  • Осигурана е еднаква можност и намалување на нееднаквоста во постигнувањата, вклучително и преку елиминирање на дискриминирачките закони, политики и практики и промовирање соодветна законска регулатива, политики и активности за оваа намена.
  • Усвоени се политики, особено фискални политики, политики за плати и социјална заштита, и постепено е постигната поголема еднаквост.
  • Подобрена е регулативата и следењето на глобалните финансиски пазари и институции, и зајакнето е спроведувањето на таквите прописи.
  • Постои зголемена застапеност и глас во процесот на донесувањето одлуки во глобалните меѓународни економски и финансиски институции за земјите во развој со цел да се добијат поефективни, доверливи, отчетни и легитимни институции.
  • Овозможена е уредна, безбедна, редовна и одговорна миграција и мобилност на луѓе, вклучително и преку спроведување на планираните и добро управувани миграциски политики.

КАКО?


  • Спроведување на начелото за посебен и различен третман на земјите во развој, особено на најмалку развиените земји, во согласност со договорите на Светската трговска организација.
  • Да се поттикне официјална развојна помош и финансиски текови, вклучувајќи и директни странски инвестиции, во државите што имаат најголема потреба, особено во најмалку развиените земји, земјите од Африка, малите островски земји во развој и земјите во развој без излез на море, во согласност со нивните национални планови и програми.
  • До 2030 година, да се намалат трансакциските трошоци за дознаки од мигранти на помалку од 3 проценти и да се елиминираат коридорите за дознаки со трошоци повисоки од 5 проценти.

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ