СВЕТОТ СЕГА


  • Секоја година се трошат 1,3 милијарди тони храна.
  • Ако луѓето ширум светот почнат да користат енергетски ефикасни светилки, светот би заштедувал 120 милијарди долари годишно.
  • Доколку глобалното население достигне 9,6 милијарди до 2050 година, за одржување на тековниот начин на живот би била потребна количина од природни ресурси еквивалентна на речиси три планети.
  • Повеќе од 1 милијарда луѓе сè уште немаат пристап до свежа вода.
  • Домаќинствата се потрошувачи на 29% од глобалната енергија и, следствено придонесуваат за 21% од емисиите на јаглероден диоксид (CO2).

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ОДРЖЛИВА ПОТРОШУВАЧКА И ПРОИЗВОДСТВО

  • Спроведени се 10-годишните програмски рамки за одржлива потрошувачка и производство, така што сите земји преземаат акции, развиените земји се лидери, и се земаат предвид развојот и капацитетите на земјите во развој.
  • Постигнато е одржливо управување и ефикасно користење на природните ресурси.
  • Преполовен е отпадот на храна по глава на жител на глобално ниво, како во малопродажбата така и на ниво на потрошувач, и намалена е загубата на храна во текот на производството и синџирот на снабдување, вклучително и на загуби по бербата.
  • Постигнато е здраво и еколошко управување со хемикалии и со сите видови отпад во текот на нивниот животен циклус. Во согласност со договорените меѓународни рамки значително е намалено нивното ослободување во воздухот, водата и почвата, со цел да се минимизираат негативните влијанија врз здравјето на луѓето и врз животната средина.
  • Значително е намалено создавањето отпад преку спречување, намалување, рециклирање и повторна употреба.
  • Се поттикнуваат претпријатијата, а особено големите и меѓународните компании да усвојат одржливи практики и да интегрираат информации за одржливоста во својот циклус на известување.
  • Се промовираат практики за јавни набавки што се одржливи и во согласност со националните политики и приоритети.
  • Луѓето насекаде имаат релевантни информации и зајакната свест за одржлив развој и животен стил во хармонија со природата.

КАКО?


  • Да се поддржат земјите во развој да ги зајакнат своите научни и технолошки капацитети, со цел да се насочат кон одржливи модели на потрошувачка и производство. 12.б Да се развијат и да се спроведат алатки за следење на одржливиот развој и влијанијата од одржливиот туризам којшто создава работни места и ја промовира локалната култура и производи.
  • Да се рационализираат неефикасните субвенции за фосилни горива што поттикнуваат непотребна потрошувачка преку отстранување на пазарните нарушувања, во согласност со националните услови, вклучително и преку преструктуирање на оданочувањето и исфрлање од употреба на штетните субвенции, онаму каде што постојат, преку прикажување на нивните влијанија врз животната средина, земајќи ги целосно предвид специфичните потреби и услови на земјите во развој, со намалување на можните негативни влијанија врз нивниот развој, на начин што ќе ги заштити сиромашните и загрозените заедници.
  • Развивање и користење на алатки за следење на влијанието врз развојот на одржлив туризам што создава работни места и промовира локална култура и производи

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ