СВЕТОТ СЕГА


  • Половина од човештвото (3,5 милијарди луѓе) живее по градови, а до 2030 година оваа бројка се предвидува да достигне 5 милијарди луѓе.
  • 95% од урбаната експанзија во следните децении ќе се случи во земјите во развој.
  • 883 милиони луѓе живеат во сиромашни квартови, од кои повеќето се наоѓаат во Источна и Југоисточна Азија.
  • Градовите низ светот зафаќаат само 3% од површината на Земјата, но се одговорни за 60-80% од потрошувачката на енергија и 75% од емисијата на јаглерод.
  • Брзата урбанизација прави притисок врз снабдувањето со свежа вода за пиење, канализацијата, животната средина и јавното здравје.
  • Во 2016 година, 90% од градските жители дишат загаден воздух што резултираше со 4,2 милиони смртни случаи како резултат на загадувањето. Повеќе од половина од глобалното градско население се изложени на ниво на загадување на воздухот најмалку 2,5 пати повисоко од безбедносниот стандард.

СВЕТОТ ВО 2030


    ЦЕЛ: ГРАДОВИТЕ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ДА СТАНАТ БЕЗБЕДНИ, ОТПОРНИ И ОДРЖЛИВИ

  • Сите имаат осигурен пристап до соодветно, безбедно и достапно домување, и основни услуги и надградба на сиромашните квартови.
  • Подобрена е безбедноста на патиштата и обезбеден е пристап до безбедни, пристапни, достапни и одржливи транспортни системи за сите, особено преку проширување на јавниот превоз, со посебно внимание на потребите на ранливите лица, жените, децата, лицата со попреченост и постарите лица.
  • Подобрена е инклузивната и одржлива урбанизација и капацитетот за партиципаторно, интегрирано и одржливо планирање и управување со населените места во сите земји.
  • Зајакнети се напорите за заштита и зачувување на светското културно и природно наследство.
  • Значително е намален бројот на смртни случаи и бројот на загрозени луѓе, и значително се намалени директните економски загуби во однос на глобалниот бруто домашен производ предизвикани од катастрофи (вклучувајќи и катастрофи поврзани со вода) со фокус на заштита на сиромашните и на луѓето во ранливи состојби.
  • Намалено е негативното влијание врз животната средина во градовите по глава на жител, меѓу другото и со обрнување посебно внимание на квалитетот на воздухот и на управувањето со комуналниот и со другите видови отпад.
  • До 2030 година, обезбеден е универзален пристап до безбедни, инклузивни и достапни зелени и јавни површини, особено за жените и децата, за постарите лица и за лицата со попреченост.

КАКО?


  • Да се поддржат позитивни економски, социјални и еколошки врски помеѓу градските, приградските и руралните средини преку зајакнување на националното и регионалното развојно планирање.
  • До 2020 година, значително да се зголеми бројот на градови и населби што ќе донесуваат и ќе спроведуваат интегрирани политики и планови чијашто цел е инклузија, ефикасност на ресурсите, ублажување и приспособување кон климатските промени, отпорност на катастрофи, како и да се развива и да се спроведува холистичко управување со ризикот од катастрофи на сите нивоа, во согласност со Рамката од Сендај (2015-2030) за намалување на ризикот од катастрофи.
  • Да се обезбеди поддршка за најмалку развиените земји, преку финансиска и техничка помош, за градење одржливи и приспособливи објекти од локални материјали.

ТОА НЕ Е СЕ - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ ЦЕЛИ