За да промовираат рамномерен и одржлив развој, како и за да ја поддржат интеграцијата на земјата во Европската унија, Обединетите нации иницираа стратегија за Северна Македонија за периодот 2016-2020 г., со наслов „Партнерство за одржлив развој“. Повеќе и подобри работни места, поодговорно управување, подобар живот за загрозените лица, родова еднаквост, како и почиста, позелена и поотпорна животна средина се петте стратешки приоритети на ОН. Стратегијата беше развиена во партнерство со организации на национално ниво, во насока на поддршка за широка низа национални секторски стратегии и акциони планови. На меѓународно ниво, таа служи за усогласување на активностите на ОН во земјата со Целите за одржлив развој и со критериумите за членство во Европската унија. Владата ја одобри стратегијата на ОН на 26 октомври 2016 г.

ПРИОРИТЕТИ ЗА 2017-2020 година


1

Вработување

2

Добро владеење

3

Социјална инклузија

4

Одржливост на животната средина

5

Родова еднаквост

6

Бегалци и мигранти

Родова еднаквост


ПРЕДИЗВИК

Во Северна Македонија, жените се значително обесправени преку негативни стереотипи, обичаи и традиции. Ваквото влијание е нерамномерно распоредено: жените во руралните области страдаат многу повеќе од оние во градовите. Соодносот на половите при раѓање, 109 машки на 100 женски, може да укажува на некаков елемент на субјективно избирање на полот. Жените учествуваат во работната сила со многу пониска стапка отколку мажите (69,3% на 45,3%), што можеби укажува на дискриминација при практиките на вработување. Иако се пообразовани, жените во просек заработуваат речиси 20% помалку од своите машки колеги. И покрај целосната правна еднаквост, жените се помалку застапени како сопственици на имот, на лидерски позиции и во Владата: само 4 од вкупно 81 градоначалници и 2 од вкупно 25 министри се жени. Највпечатливо е тоа што секоја трета жена во Македонија пријавила дека е жртва на родово насилство.

РЕЗУЛТАТ

До 2020 година, државните институции треба да бидат целосно одговорни за обврските на родова еднаквост и антидискриминација, а повеќе жени и девојки треба да водат живот без дискриминација и насилство

РЕШЕНИЕ

Агенциите на ОН имаат за цел да поттикнат поголемо учество на жените во политичко-економскиот живот, каде и натаму се недоволно застапени. Заради унапредување на развојот на човечкиот капитал кај жените, ОН работи на поголема посетеност на училиштата од девојчињата, стапување подоцна во брак кај жените од малцинските групи, и на борба против родовите стереотипи со кои се одржува нееднаквоста.

БУЏЕТ

18.3 милиони USD