За да промовираат рамномерен и одржлив развој, како и за да ја поддржат интеграцијата на земјата во Европската унија, Обединетите нации иницираа стратегија за Северна Македонија за периодот 2016-2020 г., со наслов „Партнерство за одржлив развој“. Повеќе и подобри работни места, поодговорно управување, подобар живот за загрозените лица, родова еднаквост, како и почиста, позелена и поотпорна животна средина се петте стратешки приоритети на ОН. Стратегијата беше развиена во партнерство со организации на национално ниво, во насока на поддршка за широка низа национални секторски стратегии и акциони планови. На меѓународно ниво, таа служи за усогласување на активностите на ОН во земјата со Целите за одржлив развој и со критериумите за членство во Европската унија. Владата ја одобри стратегијата на ОН на 26 октомври 2016 г.

ПРИОРИТЕТИ ЗА 2017-2020 година


1

Вработување

2

Добро владеење

3

Социјална инклузија

4

Одржливост на животната средина

5

Родова еднаквост

6

Бегалци и мигранти

Вработување


ПРЕДИЗВИК

Иако невработеноста опадна од астрономски високите 37,3% во 2005 година, таа и натаму останува проблем за земјата, со просек од 26,1%, кој е над четирипати поголем од глобалниот просек од 5,9%.

РЕЗУЛТАТ

До 2020 година, треба да има сѐ подостапно пристојно и одржливо вработување за мажите и жените во конкурентна економија богата со работни места.

РЕШЕНИЕ

Работата во насока на пристапност до пристојна работа за сите, креирање на нови работни места и намалување на невработеноста е врвен приоритет на Владата. ОН им помага на Министерството за труд и социјална политика и на Министерството за образование при изработка и спроведување на мерки за зголемување на учеството на помалку застапените групи, помагајќи им на лицата кои немаат квалификации и вештини, а коишто се суштински за нивната вработливост. Нашата цел е да се промовира раст богат со работни места, правичен и инклузивен, што значи дека полот, етничката припадност, статусот на попреченост, возраста или местото на живеење не треба да претставуваат пречки за продуктивно вработување.

БУЏЕТ

26.3 милиони USD