За да промовираат рамномерен и одржлив развој, како и за да ја поддржат интеграцијата на земјата во Европската унија, Обединетите нации иницираа стратегија за Северна Македонија за периодот 2016-2020 г., со наслов „Партнерство за одржлив развој“. Повеќе и подобри работни места, поодговорно управување, подобар живот за загрозените лица, родова еднаквост, како и почиста, позелена и поотпорна животна средина се петте стратешки приоритети на ОН. Стратегијата беше развиена во партнерство со организации на национално ниво, во насока на поддршка за широка низа национални секторски стратегии и акциони планови. На меѓународно ниво, таа служи за усогласување на активностите на ОН во земјата со Целите за одржлив развој и со критериумите за членство во Европската унија. Владата ја одобри стратегијата на ОН на 26 октомври 2016 г.

ПРИОРИТЕТИ ЗА 2017-2020 година


1

Вработување

2

Добро владеење

3

Социјална инклузија

4

Одржливост на животната средина

5

Родова еднаквост

6

Бегалци и мигранти

Социјална инклузија


ПРЕДИЗВИК

Економскиот раст допрва треба да покаже подобра благосостојба за сите групи на доход во Северна Македонија. Јазот во платите сѐ уште е изразен: Џини-коефициентот на земјата е меѓу највисоките во регионот, измерен на 35,4% во 2014 г. Особено ранлива заедница се Ромите, кои се проценуваат на околу 5% од населението. Ромите доживуваат многу видови на исклученост и директна дискриминација во разни области, како на пр., во приходите, здравството, образованието, можностите за вработување и животните услови. Лицата со попреченост се втората маргинализирана група, при што само мал дел од децата со попреченост добиваат било каков вид формално образование. Здравјето е последен фокус. И покрај порастот на очекуваниот животен век во Македонија, предвремената смртност предизвикана од незаразни болести поради „начинот на живот“ како срцеви заболувања и дијабетес, е причина за растечка загриженост.

РЕЗУЛТАТ

До 2020 година, повеќе членови на социјално исклучените и ранливи групи треба да бидат во можност да ги остварат своите права и да уживаат поквалитетен живот и рамноправен пристап до основните услуги.

РЕШЕНИЕ

За решавање на проблемот на социјалната поделба, агенциите на ОН ставаат фокус врз унапредување на благосостојбата и пристапот до услуги, вклучувајќи инклузивно и висококвалитетно образование за сите. Посебен акцент е ставен врз гарантирање достапни, пристапни и соодветни социјални услуги за најзагрозените, како и врз развивање партиципативни механизми со цел да се зајакне гласот на граѓаните и да се запознаат со достапните услуги. Се преземат напори за да се опфатат вистински сиромашните и социјалните бенефиции да стигнат до сите кои имаат право на нив.

БУЏЕТ

29.3 милиони USD.