За да промовираат рамномерен и одржлив развој, како и за да ја поддржат интеграцијата на земјата во Европската унија, Обединетите нации иницираа стратегија за Северна Македонија за периодот 2016-2020 г., со наслов „Партнерство за одржлив развој“. Повеќе и подобри работни места, поодговорно управување, подобар живот за загрозените лица, родова еднаквост, како и почиста, позелена и поотпорна животна средина се петте стратешки приоритети на ОН. Стратегијата беше развиена во партнерство со организации на национално ниво, во насока на поддршка за широка низа национални секторски стратегии и акциони планови. На меѓународно ниво, таа служи за усогласување на активностите на ОН во земјата со Целите за одржлив развој и со критериумите за членство во Европската унија. Владата ја одобри стратегијата на ОН на 26 октомври 2016 г.

ПРИОРИТЕТИ ЗА 2017-2020 година


1

Вработување

2

Добро владеење

3

Социјална инклузија

4

Одржливост на животната средина

5

Родова еднаквост

6

Бегалци и мигранти

Бегалци и мигранти


ПРЕДИЗВИК

Во текот на 2015 година, околу 750.000 бегалци и мигранти транзитирале низ Северна Македонија, барајќи безбедност и подобар живот во земјите-членки од северниот дел на ЕУ. Почнувајќи со мал број мигранти во летото, бројката бргу порасна до проток од 5000 и 7000 лица на ден, при што врвот беше достигнат со 11.000 во еден ден кон средината на октомври 2015 година.

РЕЗУЛТАТ

Во текот на траењето на програмата, бегалците и мигрантите треба да добијат заштита и хуманитарна помош, со целосно почитување на нивните човекови права; заедниците-домаќини треба да добијат соодветна помош за изградба на отпорноста што им треба за да овозможат јавни услуги; а до 2020 година, стабилни системи за управување со азилот и миграцијата треба да бидат целосно функционални.

РЕШЕНИЕ

Иако нерегуларниот влез на бегалци и мигранти прекина во март 2016 г., агенциите на ОН сѐ уште обезбедуваат повеќестрана поддршка за институциите, граѓанските организации и според потребата, директно за бегалците и мигрантите во транзитните центри и објектите за баратели на азил. Организациите ангажираат специјализиран персонал и низа дополнителни ресурси за да помогнат при исполнување на разни основни хуманитарни потреби: помош при проектирање, изградба, опремување и екипирање на транзитните центри, обезбедување основна заштита за луѓето во движење, подобрување на достапната здравствена заштита за бегалците и мигрантите, и обезбедување храна, вода за пиење, зимско засолниште и психо-социјална поддршка во простори погодни за деца. Исто така, тие се погрижија македонскиот систем за миграција да биде почувствителен за човековите права, помагајќи да се обезбеди соодветно прилагодена помош за најзагрозените лица.

БУЏЕТ

Предвиденото финансирање за овој исход изнесува околу 5,5 милиони американски долари. Целосна посветеност на исполнување на обврските кон бегалците и мигрантите