За да промовираат рамномерен и одржлив развој, како и за да ја поддржат интеграцијата на земјата во Европската унија, Обединетите нации иницираа стратегија за Северна Македонија за периодот 2016-2020 г., со наслов „Партнерство за одржлив развој“. Повеќе и подобри работни места, поодговорно управување, подобар живот за загрозените лица, родова еднаквост, како и почиста, позелена и поотпорна животна средина се петте стратешки приоритети на ОН. Стратегијата беше развиена во партнерство со организации на национално ниво, во насока на поддршка за широка низа национални секторски стратегии и акциони планови. На меѓународно ниво, таа служи за усогласување на активностите на ОН во земјата со Целите за одржлив развој и со критериумите за членство во Европската унија. Владата ја одобри стратегијата на ОН на 26 октомври 2016 г.

ПРИОРИТЕТИ ЗА 2017-2020 година


1

Вработување

2

Добро владеење

3

Социјална инклузија

4

Одржливост на животната средина

5

Родова еднаквост

6

Бегалци и мигранти

Добро владеење


ПРЕДИЗВИК

Иако Северна Македонија беше оценета дека ги исполнува политичките критериуми за членство во ЕУ, извештаите на Европската комисија за напредокот покажуваат дека сѐ уште се потребни реформи. Овде спаѓаат реформи во слободата на медиумите, независноста на судството и деполитизацијата на државните институции, како и унапредување на меѓуетничката кохезија.

РЕЗУЛТАТ

Се проценува дека до 2020 година, националните и локалните институции треба да бидат во можност подобро да осмислуваат и да доставуваат висококвалитетни услуги за сите корисници, на транспарентен, рентабилен, недискриминаторски и родово-сензитивен начин.

РЕШЕНИЕ

Со цел да се поттикне транспарентноста и отчетноста, ОН соработува со Владата и со граѓанското општество на поттикнување отвореност и сервисна ориентација. Ние ги поддржуваме институциите при овозможување на граѓаните да дознаат повеќе за политиките што ги засегаат, за нивните права и достапните жалбени механизми. Преку подобрување на пристапот до информации, се надеваме дека ќе ги зајакнеме ранливите групи и ќе го зголемиме учеството на јавноста при креирање на политиките

БУЏЕТ

16.4 милиони USD.