Системот од постојани координатори има за цел да ги здружи различните агенции на ОН, за да се подобри ефикасноста и ефективноста на оперативните активности на ниво на земјата. Постојаните координатори на ОН ги предводат тимовите во 129 земји и се назначени претставници за развојни активности на Генералниот секретар.

Улогата на постојаниот координатор е клучна за успехот на Обединетите нации во остварување на нашите цели во секоја од земјите што ги опслужува Групата на ОН за развој. Постојаниот координатор го води и стратешки го позиционира тимот на Обединетите нации во земјата, при поддршка на националните приоритети, развојни стратегии и планови.

Систем на Постојан Координатор на ОН


Системот од постојани координатори (ПК) ги опфаќа сите организации од системот на Обединетите нации кои се занимаваат со оперативни активности за развој, без оглед на нивното формално присуство во земјата. Во тесна соработка со националните влади, постојаниот координатор и националните тимови ги застапуваат интересите и мандатите на системот на ОН, повикувајќи се на поддршката и насоките од целото семејство на ОН. Со координација на развојните активности се промовира постратешка поддршка за националните планови и приоритети, активностите стануваат поефикасни и се намалуваат трансакциските трошоци за владите. Ова чини ОН да биде порелевантен и посигурен партнер за владите во поддршката на Агендата за одржлив развој 2030, која беше одобрена од Генералното собрание на ОН на историската средба во 2015 година.

Кратка биографија


Г-а Росана Дуџак има над дваесет години професионално искуство во меѓународниот развој. Пред својата најнова фунција, таа работела во седиштето на УНДП во Њујорк, како лидер на Тимот за интегрирана политика и програмска поддршка и како лидер на Тимот за превенција и закрепнување од кризи за Латинска Америка и Карибите. Претходно работела како заменик-постојан претставник на УНДП во Тунис за време на демократската транзиција во Арапската пролет, а и како лидер на Тимот за управување во Етиопија и специјалист за спречување кризи во Колумбија. Пред да се приклучи на Обединетите нации, г-а Дуџиак работела во Светска банка, Интерамериканската банка за развој, и во консултантска фирма за инфраструктура, добивајќи задачи низ целиот свет, вклучувајќи ги и Виетнам, Гвинеја и Гватемала. Таа има магистратура за просторно планирање од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) и диплома за меѓународни односи од Универзитетот Џорџ Вашингтон.